Инспиративни исповеди (I дел): „Во 50-те години сум и се чувствувам посамоуверено од било кога!“
Прекрасни жени отворено зборуваат зошто во нивните 50-ти години се посамоуверени од било кога. Жени кои со нивните искрени приказни ќе ви докажат дека годините се само бројка.
Во продолжение следува првата приказна за една жена која зборува зошто токму 50-те години се златни години:
„ Имав солистички концерт пред публика од 120 луѓе“
58-годишната Џо Вилијамс живее во Хангрфорд, Беркшир заедно со нејзиниот сопруг, 58-годишниот финансиски консултант, Џон. Таа има две возрасни деца, а ова е нејзината приказна за нејзините 50-те години од животот:
„Моите раце се тресеа, а моето срце чукаше како лудо, додека седнував пред пијаното. Во публиката имаше околу 30 луѓе и иако имам свирено и пред поголема публика, овој пат некако чувствував поголема возбуда. Што е уште по интересно, немав свирено пијано повеќе од 3 децении, а еве ме тука седам, во моите 50-те години и се обидувам да земам диплома за музичко.
Свирев, па престанав. Се омажив и родив деца и едноставно немав време за пијано. Пред некое време ми се јави мајка ми за да ми каже дека имало некакво пијано на аукција. Тајмингот беше совршен. Штотуку го имав испратено и моето најмало дете како волонтер во авиокомпанија и сега немав никакви обврски.
Го купив и започнав повторно да вежбам. Откако ги положив основните тестови, аплицирав да земам и диплома од оваа област.
Беше потешко од што замислував дека ќе биде. Но, си купив преубав фустан. Заслужував да изгледам прекрасно, мојата публика тоа го заслужуваше, едноставно целиот момент тоа го заслужуваше. Рециталот со публика од 30 луѓе помина супер, а потоа на мое изненадување бев замолена да свирам пред 120 луѓе на локалниот фестивал.
Се согласив. Никогаш немаше да можам тоа да го направам во моите 20-те години. Но сега, во моите 50-ти години јас имам искуство што ми дава огромна самодоверба. Сфатив дека нема ништо страшно во тоа да погрешиш, бидејќи од грешките се учи.
Пораснав и јас, порасна и мојата самодоверба. 50-те години се моите златни години!“