Интересни работи што сигурно не сте ги научиле во училиште
Никој ги нема сите одговори. Освен интернетот.
Денес ќе научиме необични информации што не се многу познати, но за некои може да бидат фасцинантни. Иако овие факти можеби не се многу корисни за нашето секојдневие, тие се забавни и може да ве натераат да размислувате поинаку за нештата.
- На Олимписките игри во 1936 година двајца јапонски скокач со стап (Шухеи Нашида и Суео Ое) имале ист резултат. Одбивајќи да се натпреварува едни против други, Нашида бил награден со сребро, а Ое со бронза. Кога се вратиле во Јапонија, тие ги пресекле медалите на два дела, а потоа ги залепиле за да направат два „медали на пријателството“ од сребро и бронза.
- Еден бездомник нашол чек од 10 000 долари наменет за агент за недвижнини и го вратил на сопственикот. Агентот бил допрен од гестот и му нашол место за живеење и му договорил интервју за работа на безомникот. Една година подоцна, тој е во управниот одбор на една од нивните фирми.
- Кога неговиот сопственик починал во Август 1936 година, Некогово куче Шип го следело ковчегот до железничката станица и гледало како го товараат на возот кој се движел кон источниот дел на САД. Шест години, се до неговата смрт, кучето го поздравувало секој воз што ќе пристигнел, очекувајќи дека ќе се врати неговиот господар.
- На 18 октомври 1963 година француски научници лансирале ракета во вселената, во која имало мачка по име Феличет. Орбитирала околу 160 километри над земјата, а потоа се спуштила безбедно со помош на специјален падобран. Фелисчет е единствената мачка лансирана во вселената.
- Мајкл Џексон бил многу добар композитор и покрај тоа што не можел добро да чита ноти или да свири инструменти. Неговите песни ги компонирал со пеење и битбокс.
- Пајаците ги „штимаат“ своите мрежи како жици од гитара, со затегнување и олабавување, за да можат да ги прочитаат различните фреквенции предизвикани од натрапниците и да утврдат каде се наоѓаат, дали се предатори или плен, или се само потенцијален партнер што залутал во нивната мрежа.
- Ушите на бувовите се поставени асиметрично, на различна висина на страните на главата, така што звуците стигнуваат до секое уво во различно време. Ова е од суштинско значење за идентификување на точната насока на нивниот плен.
- Има повеќе вода во облаците над дождовната шума Амазон отколку во реката Амазон.
- Населението во Рио де Жанеиро било толку незадоволно од своите политичари за време на изборите во 1988 година, што еден познат мајмун од зоолошка градина добил над 400 000 гласови.