Интернет корисник вели дека бенките на вашето тело укажуваат на интересен факт за минатиот живот
Ако некогаш сте се запрашале како сте умреле во минатиот живот, теоријата на заговор за бенките и дамките на вашето тело може да ви даде одговор.
Многу луѓе имаат бенки и белези, но не обрнуваат премногу внимание на нив. Ново видео на ТикТок, сега им даде на луѓето причина да ги проверат, бидејќи сугерира дека тие можат да ви кажат за тоа како сте починале во минатиот живот.
Нормално, заинтересирани ќе бидат првенствено оние кои веруваат во реинкарнација, но видеото нуди прилично интересна тема за размислување.
@tythecrazyguyIf you have the last birth mark… praying for you ##conspiracy ##theory
Видеото на ТикТок, поставено од Тај (@tythecrazyguy), започнува со објаснување на идејата за реинкарнација и теоријата дека сме живееле во стотици различни тела пред ова.
Корисникот на ТикТок потоа почнува да ги декодира белезите на нашето тело. Според видеото, ако немате поголема бенка или белег значи сте умреле од природна смрт. Ако имате голема кафена бенка тоа претставува место каде што сте се здобиле со фатална рана како на пример од куршум, ако имате црвен белег сте умреле во пожар, ако имате бенка во окото сте умреле во сон, ако имате бенка со бел белег околу, сте умреле од отровна стрела и за крај ако имате белег околу гениталиите тоа значи дека сте умреле за време на секс.
Секако за овие тврдења нема никакви докази, но изгледа дека интернет корисниците се фасцинирани од идејата за реинкарнација затоа што видеото има над 4 милиони прегледи.