Интернетот умира од смеа поради фотографијата на овој наставник, снимена пред и по наставата
Ерик Воткинс, наставник во основнот училиште во Њу Џерси, одлучи да се пошегува со учениците и родителите, водејќи се според новиот тренд на „пред и потоа“ фотографиите.
Во изминатиот период, многу деца беа фотографирани пред и после одењето на училиште, што резултираше со урнебесни фотофрафии, како што е онаа на малата Лусија, која ја напушти својата куќа во чиста униформа, ја врза косата во коњско опавче, а при нејзиното враќање била исцрпена, искината, валкана и неуредна.
Затоа наставникот Ерик реши да покаже како изгледа пред учениците да влезат во училницата и откако ќе заминат.
“Во 8 часот наутро пред мојата училница, чекам да ги сретнам моите нови ученици. Јас сум многу возбуден. 15:00 часот, ги запознав!”
Објавата на Ерик е споделена 109.000 пати, предизвикувајќи над 43,000 позитивни реакции и коментари, смеејќи го целиот Интернет со неговата генијална фотографија.