Најверниот помошник во кујната е тавата. Таа е доста издржлива, храната во истата ретко загорува и токму затоа ретко луѓето брзаат да го заменат овој сад за нов.

Но, за жал, ниту тавата не е отпорна на времето и бројните готвења. Сепак, без грижи, денес ви го претставуваме најлесниот трик како брзо да ја исчистите вашата омилена тава и таа повторно да заблеска како нова.

Чистење на тава, на природен начин

Ќе ви биде потребно

  • Сол
  • Растително масло
  • Вода

Начин на подготовка и употреба

Исипете ја солта и избришете го дното на тавата со истата.

Следно, исипете го и растителното масло и повторно пребришајте го дното на садот.

На крај, додадете ја водата и добро исплакнете ја тавата.

Избришете ја тавата со крпа. Резултатите со сигурност ќе ве воодушеват!