Опуштениот и надвиснат стомак не е проблем на луѓето со вишок килограми, но истиот може да се забележи кај оние кои претпочитаат да се опуштат со неколку чаши пиво после работа.

Но, вината за надвиснатиот стомак лежи и во неправилната исхрана, пасивниот начин на живот, а може да биде и резултат на одредени здравствени проблеми. Еве како лесно и ефикасно да го решите овој проблем.

Стомачни масажи за брзо слабеење

Со едноставни техники и самостојна масажа, не е неопходно дури ни да посетувате професионален салон. Едноставно следете ги следните инструкции, практикувајте ги редовно и за 2 недели ќе ги видите посакуваните резултати.

1. Техника со штипење

Легнете на грб, опуштете се и спуштете ги рацете кон колената. Направете лесни движења со масажа на принцип на штипење. Истите правете ги во насока на стрелките на часовникот, а постепено стеснувајќи го кругот. Со секое движење, штипењето треба да биде поинтензивно, при што на крајот, кожата треба да биде сосема малку црвена. Масажата се прави во времетраење од 5 минути.

2. Водена масажа

Со ладна вода, движете го тушот по стрелките на часовникот. Страничните делови од телото масирајте ги со движења нагоре и надолу. Температура и јачината на водата може од време на време да ги промените. Правете го третманот 5 минути, а истиот ќе го забрза процесот на затегнување на стомакот.