Исповед: „Мојот партнер има 68 години и е во брак веќе 40 години. Еве зошто сум му љубовница“
Кимберли Хопберг од Денвер, Америка е на 54-годишна возраст и обожава да готви, притоа важи за добра домаќинка и омилена сосетка, која секогаш ќе ви позајми шеќер и брашно.
Таа веќе 8 години е во врска со женет маж, при што вели дека целосно се има помирено со фактот и улогата на втора жена. Никогаш не помислила да ја прекине врската, а воедно точно знае што да каже на сопругата на нејзиниот партнер, со која тој е во брак 40 години, доколку некогаш жената разбере за нивната љубовна афера.
– „Го обожавам и тој ме обожава мене, сакаме да бидеме заедно. Секоја вечер се враќа кај неговата сопруга, но мене тоа не ми пречи. Постојат денови кога сакам да остане со мене, но го разбирам.
Си го има тоа ветено на себе и на својата сопруга, но ние двајца сме среќни заедно и затоа сме еден со друг. Знам дека јас сум таа која навистина го сака.“- објаснува Кимберли.
Истовремено вели дека на ниту една жена не й посакува да биде љубовница, но многу работи во животот се случуваат неочекувано. Таа се запознала со мажот, кој е повозрасен од неа 14 години, за време на една караоке забава. Откако ја поминале ноќта заедно, мажот признал дека е женет.
– „Бев очајна и бесна и сакав да го оставам, но веќе бев вљубена. Тој ми кажа дека откако се родиле нивните деца, тој и неговата сопруга продолжиле да живеат како пријатели и никогаш веќе немале интимни односи.
Кога сте љубовница, го добивате најдоброто- слободата, а јас ја обожавам мојата слобода.“- за крај вели Кимберли.