Исповед на една бремена жена: „Забременив од женкар, кој е вљубен во друга“
Следува една вистинска и многу тажна приказна на несреќно вљубена жена која реши својата приказна да ја сподели јавно со сите нас, притоа задржувајќи го правото на анонимност.
За жал, приказната е честа појава во нашето секојдневие, а малку луѓе ги разбираат последиците од истата.
Прочитајте ја во продолжение тажната исповед на жената, која на суров начин ги сфатила своите грешки:
„Здраво, јас се викам Н.К, имам 33 години и доаѓам од мал град. Решив јавно со вас да ја споделам мојата животна приказна, бидејќи молчењето ме прави да се чувствувам уште понесреќна. Се чувствувам уништена одвнатре поради една лага, која сакав да биде вистина.
Но, лагата си остана лага, а болката се појави, кога сфатив дека не забременив од љубов, туку од инат. Ја пишувам оваа приказна до сите дами, кои решиле со дете да го задржат својот партнер, кои одлучиле да влезат во лажен филм, да страдаат поради друга жена во животот на нивниот маж и кои мислат дека така нешто ќе постигнат.
Не, драги мои дами! Се лажете како мене. Се лажете за да си го зацрните животот. Јас сум скромна личност, но никој не ме посака за сопруга. И само поради тоа, поради желбата да бидам сакана, започнав живот со еден женкар, кој веќе трае 11 години.
Да, мојот „сопруг“ беше женкар и јас тоа го трпев. Не постоеше жена со која тој не бил, а јас се правев глува и слепа на локалните озборувања. Дури ме имаше научено дека дури и да ми зависи животот, секогаш треба да одрекувам. Но, јас не го фатив, бидејќи тоа не се ни криеше. Сакав деца, но имав здравствен проблем и никако не можев да забременам. Тој веќе имаше дете со друга, за кое јас секако се грижев, но сакав свое.
Еден ден нешто во мене се скрши кога разбрав дека има друга, но овој пат не беше обична страст, тоа беше љубов. Љубов каква што јас никогаш не добив. Заради таа љубов, тој ме исфрли од нашиот дом и јас останав сама.
Сама со надежта дека тој повторно ќе ме побара да му се вратам. Постојано ги гледав заедно, но мислев брзо ќе помине. Но, тоа не се случи. Жената не беше виновна, таа беше негов избор, но и покрај повторното повредување од него, јас одлучив да му простам и да се видам со него, за да разговараме.
Полека, започна да ја лаже и неа и мене. Но, повторно таа не беше виновна, туку јас. Така повторно започнав да се надевам дека ќе ја остави, но таа дозна за нас, дека повторно сме заедно и замислете, го остави! Таа не беше глупава како мене. Не простуваше, не зборуваше, едноставно го остави и си најде друг, нешто за кое мојот сопруг никако не можеше да поверува дека го стори. Тоа навистина го скрши, го остави на парчиња, бидејќи премногу ја сакаше.
Продолживме со нашата врска, без физички контакт, а мислите му беа кај неа.
Го сакав и седев покрај него, покрај еден бесрамен лажливец, чекајќи го да ми направи дете. Тој тагуваше по неа, јас по него. Ме убиваше самата помисла дека јас не сум љубовта на неговиот живот. Потоа се опседнав со идејата да имам деца. Навистина ли сакав да имам дете со лажливец кој сака друга жена? Ми предложи ин-витро и јас се согласив, и покрај тоа што знаев дека тоа е една огромна грешка.
Уште на самиот почеток знаев дека тоа не го прави од љубов кон мене, туку од инат, бидејќи не можеше да поднесе тоа што неговата сакана сега е со друг.
Драги дами, јас забременив не од човекот кој сакаше семејство, туку од човекот кој ја посакуваше саканата да му се врати. А јас пак, најголемата глупачка си помислив дека сега конечно ќе станеме семејство. Си дозволив да забременам од него, без да ме сака.
Лага по лага, стасавме и до бременост со лажни чувства, а на крај целосно ме уништи откритието кога разбрав дека мојот сопруг никогаш не престанал да комуницира со неговата сакана. Да дами. Никогаш не помислувајте дека ќе го задржите партнерот со деца.
Сега дури сфатив дека најмногу од сè што ме уништува не е тоа што не ме сака, туку тоа што си дозволив да одгледувам деца без љубов. Тоа е вистинскиот неуспех. Деца не се прават од инат.
Ме боли душата поради тоа што вистината на крај ми го даде тоа што не сакав да го видам- Моите деца ќе бидат подеднакво несреќни, бидејќи нивниот татко не е вистински човек.
За Божјиот благослов не можам да зборувам, но за мене поголем дар ќе беше да немав деца, бидејќи тие ќе страдаат поради моите грешки.
Мојата приказна знам дека е приказна и на многу други жени. Дами, не си дозволјувајте да живеете несреќен живот, покрај еден лажливец. На крај, ниту сопругот ниту љубовницата, јас сум вистинскиот губитник.“