Исповедта на Марија: „Претурав низ работите на мојот сопруг и пронајдов нешто што ми го уништи животот“
Љубовта и љубомората често одат фатени за рака. И жените се склони да ги шпионираат своите партнери, со цел да дознаат за некаква тајна или пак можеби, да откријат неверство.
Тоа често ги чини скапо. Во продолжение следува исповедта на Марија.
„Се омажив многу млада. Бев вљубена до уши и сè друго ми беше безначајно. Тој беше многу повозрасен од мене, цели 12 години.
Неговата работата се состоеше од многу патувања и кога се роди нашето дете, отсуствуваше од домот со паузи дури од 1 месец. Никогаш не ми паднало на ум да го шпионирам или да го следам за да откријам дали ме изневерува. Таква бев. Го сакав многу и тоа ми беше доволно.
Времето минуваше, а колку повеќе време минуваше, тој сè повеќе отсуствуваше од дома. Забележав дека станува сè понервозен. Дури и нашиот син „бегаше“ од него, како да е странец.
Како тој стануваше сè понервозен, така и јас веќе се претворив во нервозна личност која беше секогаш спремна за дискусија. Една вечер започнав да пребарувам низ неговите работи, да претурам низ неговата чанта, за да видам, што тој носи со себе на патувањата.
Освен облеката, во една од преградите допирнав нешто мало и тврдо. Го ја отворив преградата, видов дека стануваше збор за УСБ мемориско стапче. Ми беше чудно, па го приклучив на компјутерот за да видам што има на него.
За малку ќе се онесвестев! Комплетен шок! УСБ-то беше полно со фотографии и видео снимки од малолетни девојчиња во еротски пози, ги принудувал и да прават бројни други перверзни работи. Тоа ја прелеа чашата. Во тој момент, едноставно не знаев каде сум, каде се наоѓам, не знаев ниту што да кажам.
Кога си дојде дома, му кажав дека сакам развод. Јасно му кажав и зошто. Тој се обидуваше да се оправда дека тоа што го правел му служело за чисто задоволство. Но, тоа беше крајот.
Сега живеам сама и секогаш кога ќе го погледнам нашиот син- едноставно се плашам. Само неговата насмевка ми дава надеж, дека се ќе биде во ред со него. “