Изберена е новата „Мис на светот“ во Лондон- Шармантната убавица ја освои публиката со нејзиниот совршен изглед и глас
Новата горда сопственичка на посакуваната титутла „Мис на светот“ е 23-годишната Тони-Ан Синг од Јамајка, која публиката ја освои со нејзиниот прекрасен глас и совршен изглед.
Тони ја воодушеви публиката со нејзиниот чудесен глас, откако го испеа безвременскиот хит на Витни Хјустон, „I got nothing“. Новата кралица на убавината воедно го освои срцето на присутните со нејзиниот впечатлив изглед, облечена во елегантен сребрен фустан.
Финалето на натпреварот се одржа во Лондон. На второ место се најде претставничката од Франција, Офели Мезино, додека пак, третото место го зазеде Суман Рао од Индија.