Изберете го парот кој најмногу ви се допаѓа и во продолжение откријте ги длабоко сокриените желби на вашата душа.

Одговори:

Пар бр. 1

Имате потреба од прекрасна, позитивна и романтична врска. Сакате периодот поминат со вашиот партнер да трае вечно, а личност до вас никогаш да не престане да ве освојува, да ве опсипува со комплименти и да ви подарува букет цвеќиња, а за возврат ќе го добие целото ваше внимание и срце.

Важно е да се чувствувате како вистинска жена: Слатка, неверојатна и нежна.

Пар бр. 2

Во животната авантура, вам ви е потребен сопатник, љубовен партнер, кој е подеднакво храбар како вас. Вие не сакате слаба личност до вас. Важни ви се емоциите, а борбата меѓу вас и вашиот партнер е исполнета со извонредна страст, среќа и исполнетост.

Пар бр. 3

Сакате вие да бидете личноста што ќе се грижи за развојот на врската. Но, имате потребна од силна фигура до вас, која секогаш ќе ве поддржува и ќе ви помага во решавањето на проблемите.

Доколку вашиот сопатник вистински се грижи за вас, вие тогаш блескате од убавина како дијамант.

Пар бр. 4

Вие сте зрела и силна личност, која има потреба од доверба и разбирање во однос на партнерот. Сметате дека една врска не може да успее без заедничкото решавање на проблемите и согласувањето. Кога еднаш ќе ја пронајдете љубовта на вашиот живот, тогаш вие сте најсреќната личност на овој свет.

Пар бр. 5

Врската во која вие сте во улогата на лидер, е совршената врска за вас. Сакате партнерот до вас да ви дозволи вие секогаш да ги контролирате работите, вклучувајќи го и самиот него. Вие сте динамична, енергична и активна личност, а совршениот партнер за вас е оној кој ги обожава силните жени.

Пар бр. 6

Очигледно дека во овој период не барате врска. Вие моментално сте во хармоничен однос со самите себе. Ја претпочитате слободата, постапувате како што сакате, изгледате како што сакате. Доколку имате партнер до вас, важно ви е да тој да ја почитува вашата независност.