Изградена во дупка во карпа: Чудо старо 800 години, кое многумина и денес сакаат да го посетат
Над кањонот на реката Каларитикос во планинскиот венец Атаманика е скриен манастир на грчката православна црква посветен на Дева Марија. Тоа е манастирот Кипинас, еден од најубавите и најимпресивните комплекси од ваков вид во Грција.
Манастирот се наоѓа на грчките периферии на Епир, а е изграден во 1212 година на влезот од пештера. На ова место случајно наишле група свештеници од блискиот манастир Вилиза, кои сакале да воспостават нов црковен поредок.
Барајќи ја совршената локација, виделе дупка во планината и се искачиле по стрмна падина и набрзо сфатиле дека тука се крие пештера длабока 6 метри. Користејќи долги стапови, тие преминале на другата страна и започнале да ја планираат својата иднина.
Една од најголемите опасности во тоа време биле грабежи. За да се одбранат од нив, свештениците изградиле висок ѕид, тешка врата и подвижен дрвен мост. Секојпат кога опасните разбојници ќе им приоѓале, свештениците го кревале мостот и така се спасиле од напади.
Иако повеќе никој не живее во манастирот, тој денес е популарна туристичка атракција, а дрвениот мост сè уште постои. Во манастирот можете да видите бесценетите фрески, библиотеката со неколку оригинални документи стари осум века, неколку свештенички комори и заеднички простории за молитва.