Излечете ги воспалените синуси на природен начин
Причина за воспаление на слузницата на синусите најчесто се автоимуни болести, габични, бактериски и вирусни инфекции. Можете да го лечите оваа заболување со антибиотици, но сите знаеме дека тие се штетни и ако се земаат премногу често можете да станете имуни на нив.
Коприва
Копривата ќе го намали надразнувањето на синусите, очите и чешањето на носот. Копривата можете да ја земате како чај или пак тинктура. Таа е одлична за имунолошкиот систем и ќе ви помогне во борбата со инфекциите на синусите.
Портокал
Освен што е одличен извор на витамин Ц, портокалот помага и во случај на затнат нос прочистување на синусите. Со вдишување на мирис од портокал исто така ќе ги прочистите синусите. Според истражувањата секојдневно консумирање на портокал може да спречи појава на воспаление на синуси.
Лук
За лукот е карактеристично тоа што има антибактериски и антимикотични својства што го прави одличен лек за воспаление на синуси предизвикано од бактериски или габични инфекции. Главната состојка која што му го дава јакиот мирис на лукот, алицин, има антибиотско дејство и тоа е причина плус да го консумирате кога имате проблеми со синусите.