Измешајте мед и аспирин и нанесете на вашето лице за 10 минути- По 3 часа ќе забележите извонредни промени
Доколку имате проблеми со кожата, овој чудесен домашен лек ќе ја направи истата здрава, блескава и прекрасна
Пред употреба во случај на алергија, тестирајте ја маската со нејзино нанесување на внатрешната страна на вашата рака. Доколку не се појават несакани последици, тогаш сосема безбедно е да ја нанесете и на вашето лице.
Домашна маска за беспрекорна кожа
Потребни состојки
- 1-2 таблети аспирин
- 1 кафена лажица мед
- Малку вода
Начин на подготовка
Истолчете ги таблетите аспирин и добиениот прав додадете го во сад. Потоа додадете неколку капки вода и измешајте, а на крај додадете и 1 кафена лажица мед и добро измешајте ги сите состојки заедно.
Начин на употреба
Исчистете го вашето и лице и потоа нанесете ја маската. Оставете ја смесата да отстои 10 минути, а потоа измијте.
Откако ќе започнете со лекувањето, практикувајте го овој домашен третман 2-3 пати неделно, но подоцна доволно ќе биде да ја нанесувате маската и еднаш неделно.
Првиот ефект на маската ќе го забележите по 3-4 часа од нејзиното нанесување, а најдобрите резултатите ќе бидат видливи по 10 дена: Вашата кожа ќе биде целосно обновена и беспрекорна, вашите пори ќе бидат прочистени, а сите воспаленија ќе исчезнат.