Изуми кои докажуваат дека иднината пристигна
Од учители- роботи до дете кое има ДНК од 3ца родители, денешното време носи многу различни можности. Научниците и инжињерите прават се` повеќе нови креации што можат да му помогнат на човештвото. Всушност, заклучно со 2019 година, има 3,22 милиони апликации за патенти, што значи дека моментално гледаме само дел од одличните пронајдоци од иднината.
Ви претставуваме дел од новата технологија што нè тера да мислиме дека всушност сме во научнофантастичен филм.
Дете од тројца родители
Во 2016 година се роди дете со ДНК од 3 лица. Оваа техника е создадена за да им помогне на родителите да имаат дете без да пренесат генетски болести. Во овој случај од 2016 година, мајката имала нарушување што влијае на развојот на нервниот систем.
Уште едно здраво бебе се роди во 2019 година со слична техника. Во овој случај, мајката имала неколку неуспешни обиди за ин витро оплодување.
Рендген за вршење на операција
Извршниот директор на „Аугмедикс“ се инспирирал од суперхерој. Тој сметал дека би било кул ако лекарите да имаат „рендгенски вид“ за време на процедурите, па затоа создаде апарат кој работи на принцип на „виртуелна реалност“ со чија помош на хирурзите им се овозможува подобар „увид“ во телото на пациентот.
Учител – робот
Наставниците и инжињерите го создадоа „АБии“, учител-робот што им помага на децата да учат прилагодувајќи се на навиките на учење на секој ученик. Роботот ги учи децата, ги разложува проблемите и кога е потребно, им дава паузи. Ги мотивира децата да научат повеќе и може да се користи во училници и дома.
Наметка за невидливост
Овој нов изум од Канада потсетува на наметката за невидливост од Хари Потер. И покрај тоа што засега е само штит за невидливост, на крајот ќе може да сокрие не само една личност, туку и возила.
Материјалот што се користи за создавање на овој прототип го прави субјектот невидлив благодарение на различните спектри, како на пример терминалниот. Светлината што доаѓа од страните и излегува од средината ги „свиткува“ предметите и ги прави да изгледаат како воопшто да ги нема.
Слушалки што можат да преведуваат
Неодамна беше измислена една од најпрактичните алатки за превод. „Амбасадор“ се слушалки што ја исполнува целта за рушење на јазичните бариери. Тие преведуваат разговори, без разлика дали зборувате еден на еден или во група.