Извршниот директор на најпознатиот бренд за фармерки Левис открива како успеал да го сочува и носи својот омилен пар цели 10 години
Најпознатиот бренд за фармерки Левис, оваа година ќе прослави 166 години од своето постоење и ни после толку години немаат конкуренција. А сега, извршниот директор на брендот ве советува како да го зачувате вашиот омилен пар фармерки и да ги носите подолго време.
61-годишниот Чип Берг стана извршен директор на Левис во 2011-та година, а во 2014-та година ги полнеше насловите во весниците со својата изјава дека луѓето никогаш не би требало да ги перат своите фармерки поради тоа што на тој начин, фармерките ќе избледнеат и ќе се уништи материјалот.
Оваа недела при неговото гостување во емисија за CNN, Берг повторно беше прашан на истата тема и дали и после 5 години може да го тврди истото, а Берг одговорил:
“Моите ‘501’ фармерки ги носев цели 10 години и секогаш изгледаа како нови, а трикот беше во тоа што никогаш ги немав ставено во машина за перење алишта”.
Но, исто така истакнал дека тоа не значи воопшто да не ги перете вашите фармерки, туку едноставно наместо во машина за алишта, истите треба да ги исперете на раце.
“Оваа изјава најверојатно ќе стои на мојата надгробна плоча”– шеговито изјавил Берг, велејќи дека неговата изјава од 2014-та била сосема погрешно сфатена и дека не станува збор за нехигиена, туку за експертско познавање на текстилот и дека сите што се во таа индустрија знаат дека таков материјал не оди во комбинаиција со хемискиот процес на перење во машина.