„Ја чувам во ладилникот, а трае до 2 години. Со оваа домашна крема, заборавив што беа тоа испукани пети“
Испуканите пети може да бидат навистина непријатни на изглед, особено во текот на летото, кога стапалата се откриени при носењето на сандали.
Доколку сте имале или сè уште се соочувате со таков проблем, најверојатно знаете дека не секое средство е ефикасно, ниту пак брзо го решава проблемот во нивното отстранување.
За таа цел, ви откриваме нешто ново, различно и ефикасно. Оваа домашна маст против испукани пети, може многу едноставно и лесно да ја приготвите во домашни услови, без притоа да трошите многу пари.
Домашна крема за мазни пети
Потребни состојки
- 1 јајце
- Оцетна киселина
- Чиста тегла
- 125 гр масло
Начин на подготовка
Поставете го јајцето во мала тегла (како што е целосно, заедно со неговата лушпа). Теглата наполнете ја до врвот со оцетна киселина. Затворете го садот и складирајте го на некое место, во времетраење од 1 недела. Во тој временски период, лупшата на јајцето би требало целосно да се раствори.
Извадете го јајцето и отстранете го слојот што се формирал на неговата површина.
Користејќи вилушка, сомелете го јајцето. Потребно е да добиете густа текстура, а воедно, доколку е неопходно, може да додадете малку од користениот оцет.
Потоа додадете 125 гр масло во смесата. Однапред извадете го од ладилникот, за да истиот дополнително омекне. По неговотото додавање во смесата, добро измешајте ги состојките, до добивање мазна текстура. Доколку кремата испадне малку погуста или потврда, додадете малку оцет.
Складирајте ја добиената смеса во чиста стаклена тегла. Нејзиниот рок на траење е 2 години, а истата, покрај за петите, може да ја користите и за сите преостанати груби и суви места на вашата кожа, по целото тело, како што се пр. лактите.