„Ја нанесувам оваа смеса секоја вечер и оттогаш сите ме прашуваат која е мојата тајна бидејќи изгледам 10 години помладо“
Доколку веќе со години сте пробале разни козметички производи и скапи креми, но не сте задоволни од резултатите, тогаш оваа домашна маска е вистинското решение за вас.
Станува збор за маска на база на ориз, со која ќе се ослободите од брчките, неправилностите на лицето и нерамномерниот тен.
Оризот, благодарение на неговиот богат состав, ги отстранува темните дамки од кожата, ја прочистувата истата, а неговите антиоксидантни својства го стимулираат производството на колаген. На овој начин, оризот ефикасно ги намалува брчките и ја подмладува кожата.
Домашна маска од ориз за кожа без брчки со подмладувачки ефект
Потребни состојки
- 3 супени лажици ориз
- 1 супена лажица млеко
- 1 супена лажица мед
- 1 чаша вода
Начин на подготовка
Оризот се вари во 1 чаша вода на средна температура. Исклучете и почекајте 2-3 минути пред да го кренете тенџерето од оганот, а потоа прецедете ја смесата. Следно додадете 1 супена лажица млеко и 1 супена лажица мед. Добро измешајте ги состојките и добиената смеса нанесете ја на вашето лице.
Оставете ја маската да отстои 10-15 минути, а потоа измијте го вашето лице со водата во која го варевте оризот. Овој домашен третман треба да го практикувате најмалку еднаш неделно, за да го добиете најдобриот подмладувачки ефект.
Антиоксидантите и лековитите својства на оризот делуваат како навлажнувачи, а притоа оризот го подобрува и крвотокот, што ќе доведе до лесно отстранување на темните дамки и воспаленијата на лицето.