Јајцата приготвени вака се убавина за окото и вистинско задоволство за непцето, а се прават уште полесно од традиционалните
Доколку традиционалниот омлет или јајцата на око веќе ви се здодевни, тогаш време е да се израдувате себеси и вашите најблиски со едно ново уникатно кулинарско задоволство.
Јајцата приготвени на овој начин стануваат многу меки со воздушна текстура, како на суфле, а ви предлагаме чудесниот рецепт уште денес да го пробате!
Јајца на уникатен начин
Потребни состојки
- 3 јајца
- ¼ кафена лажица сол
- 50 гр масло
Начин на подготовка
Внимателно одделете ги белките од жолчките.
Додадете прстофат сол кон белките и изматете ги до добивање на пена. Во сад за печење, поставете хартија за печење и истата премачкајте ја со масло.
Разделете и додадете ги изматените белки со лажица и притоа во секој дел направете мала вдлабнатина.
Во секоја од вдлабнатините поставете жолчка. Печете на температура од 180°C, за 10-15 минути.
Пријатен апетит!