Јапонска диета со банани со која може да симнете и до 10 килограми за 1 месец
Речиси и да не постои човек кој не сака банани, а токму ова е тоа што ја направи оваа јапонска диета неверојатно популарна и вистински хит моментално во светот! Таа воопшто не е сложена, притоа е евтина, а во зависност од вашата тежина, може да изгубите од 2 до 10 кг!
Сумико Ватанабе, фармацевт од Осака, го смисли овој едноставен план на исхрана за да помогне на својата сопруга Хитоши да го забрза метаболизмот и да се избори со прекумерната тежина – и успеа во тоа, наводно жената изгуби дури 13 килограми за само 1 месец. Двојката се пофали на социјалните мрежи, по што диетата со банана доби огромна популарност.
Посебен плус се прилично едноставните правила.
Што треба да направите?
Главната цел е да консумирате банани за појадок со 1 или 2 чашв вода на собна температура. Може да јадете повеќе од една банана, но не претерувајте, застанете на првата доколку ви е доволно. Консумирајте ги бананите свежи, без да ги приготвувате, замрзнувате или да ги додавате во јогурт со мусли. Водата што ја пиете мора и остатокот од денот да биде на собна температура т.е никогаш не смее да биде студена.
Што се однесува до другите оброци, нема специфични препораки за тоа што треба да јадете за ручек или вечера, нема броење калории и практично нема забранета храна. Важно е само да јадете помали порции и никогаш да не се прејадуцате. Правилото е да застанете токму кога ви е најслатко во јадењето и се подразбира, мора да консумирате исклучиво здрава храна.
Исто така, ќе мора да се откажете од десертот, а не се препорачуваат ниту алкохолни пијалоци, сокови и кафе. Ако навистина чувствувате потреба за слатки, после 15 часот можете да каснете парче чоколадо или овошје по ваш избор.