Јапонска маска за лице, која буквално ги брише годините и ја прави кожата мазна и свежа!
За да ја зачувате вашата кожа во одлична состојба и да го избегнете предвременото стареење на кожата, обидете се со оваа маска, која Јапонките ја користат доста често. Таа е исклучително богата со витамин Б , кој ја стимулира регенерацијата на клетките, го забавува стареењето и го подобрува крвотокот на кожата – се што е потребно за блескав изглед на лицето.
Оваа маска од ориз, мед и млеко ќе ви даде инстант резултати, ќе ја направи вашата кожа мека, нежна и мазна.
Подготовка:
Сварете 2-3 лажици ориз, на умерен оган.
Кога оризот е готов, се цеди. Не фрлајте ја водата.
Исплакнете го сварениот ориз со ладна вода и додадете 1 лажица топло млеко. Добро измешајте, додека не добиете мазна смеса.
Додадете 1 лажица мед, а потоа промешајте уште малку.
Употреба:
Нанесете тенок слој од смесата врз чисто лице и врат и оставете ја да делува 30 минути.
Потоа извадете ја маската и измијте го лицето и вратот со водата во која е варен оризот.
Оризовата вода содржи многу антиоксиданси, таа ќе ја хидрира кожата и има неверојатна моќ за апсорпција на ултравиолетовите зраци.
Ако Ви останала повеќе оризова вода отколку што е потребно, можете да ја чувате во фрижидер 4 дена и да ја користите како лосион за лице.
Предлог: Замрзнете ја оризова вода и користете ја за да го масирате лицето. Тоа е идеално за освежување во жешките летни денови, ќе ја хидратира кожата и ќе го направи Вашето лице многу помеко.