Јапонците никогаш не нудат место на постарите лица во јавен превоз: За нив тоа е најлоша навреда, а еве и зошто
Најлошата навреда што можете да ја направите на еден постар човек во Јапонија е да се обидете да му понудите место во јавниот превоз, а еве и зошто.
Додека во остатокот на светот сме згрозени од сцени при кои младите луѓе седат во градскиот превоз преправајќи се дека не ги гледаат старите лица како стојат, затоа што се подразбира дека местата треба да им се отстапат на бремени жени, деца, стари лица и на болни, во Јапонија приказната е сосема поинаква.
Оваа нивна практика е изненадувачка за целиот свет, а ја открива о од блогерот Чеопам, кој се соочил со вакво искуство додека престојувал во Јапонија, при што одлучи истото да го сподели на неговиот блог „JapanInfo“:
– „После една и пол година престојување во Јапонија, конечно разбрав преку разговор со соседот зошто сите стари луѓе стојат во јавниот превоз и никој не гледа нешто чудно во тоа. Дотогаш, секогаш им го нудев своето место на сите постари лица и сите тие љубезно ме одбиваа. Една постара сосетка ми кажа дека таа и другите постари луѓе сметаат дека е навреда што некој смета дека тие се толку стари и немоќни што мора да им понуди место за да седнат.
Сè на сè, моето искуство е дека доколку сакате да го понудите вашето место на постара личност, не го правете тоа директно, туку преправете се дека ќе се симнувате, па така можеби постои можност тие да седнат.“- заклучува овој блогер.