„Јас и мојот сопруг живееме заедно 8 години, од кои веќе 7 години спиеме во различни спални соби. Не, тоа не е затоа што многу се расправаме или заради децата (немаме деца), туку само затоа што така сакавме.“

Во продолжение прочитајте за искуството на една жена која заедно со сопругот донеле важна одлука да не делат ист брачен кревет, причините зошто го направиле тоа, како и резултатите од вакиот чекор.

„Се чини дека не е голема работа, нели? Спиете во различни спални соби или не одите на годишен одмор – кому му е грижа? Најважното е да бидете среќни. Всушност, кога ќе поставите свои правила во бракот, може да наидете на стереотипни туѓи мислења кои би можеле да ве натераат да мислите дека тоа што го правите е погрешно.

За таа цел, решив да зборувам зошто ние претпочитаме да спиеме на овој начин, кои се предностите од истото.“

Како сè започна

„Еднаш, се разбудив во кревет сама. Бев сосема сигурна дека отидов во кревет со мојот дечко. Кога влегов во соседната просторија, го најдов како спие мирно на каучот. Си помислив: „Добро, ќе се справам со ова утре“.

Следното утро, за време на појадоко, имавме ваков разговор:

– Те изгубив синоќа, зошто отиде во другата соба?

– Знаеш, не можев да заспијам. Ти се вртеше и вртеше и дишеше гласно, а јас постојано се будев поради тоа.

– Хм, океј. Никогаш не знаев дека дишам гласно.

Истата работа се случи следната вечер. Заспавме заедно и се разбудивме одделно. Така, сфатив дека треба да разговараме за тоа.

Во разговорот, сфативме дека е тешко за нас да спиеме заедно. Ние двајца заедно да спиеме беше невозможна мисија. Понекогаш, јас ‘рчев, тој ќе ме разбудеше, а потоа не можев да заспијам. Честопати, едниот од нас ќе се будеше затоа што беше жешко или затоа што другиот станал да пие вода, а еднаш имав чуден сон и го ненамерно го удрив дечко ми директно во очите.

Покрај тоа, сфативме дека имаме сосема различни распореди за спиење. Јас се будев кога тој тргнуваше на работа, а потоа јас останував до покасно, кога тој веќе беше во десетти сон. Поради проблемите предизвикани од заедничкото спиење, ние немавме квалитетен сон, а со тоа станавме повеќе надразнети, уморни и нервозни,

Така, дојдовме до заклучок дека најдобро би било да спиеме во различни спални соби, а за среќа, имавме доволно простор. Ќе бидам искрена: На почетокот, немав исто мислење за спиење одделно како моето момче. За мене беше малку чудно затоа што бев навикната на тоа дека паровите спијат заедно. Моите родители почнаа да спијат одделно, но по 25 години брак. Откако започнавме и ние да смеме одделн, моето момче се чувствуваше одлично: Започна да заспива побрзо, да се буди полесно, да појадок за нас двајца и да оди на работа среќен.

Конечно, нашите караници престанаа и ние и двајцата бевме неверојатно исполнети, среќни, смирени и задоволни.“

Историјата на проблемот и што велат експертите

„За да научам повеќе за одделното спиење, почнав да читам за искуството од претходните генерации. Открив дека во Антички Рим, креветот не бил наменет за заедничко спиење, тој се користел само за се*с. По се*сот, двајцата партнери одат во различни простории да спијат. Во Велика Британија за време на Викторијанската ера, луѓето исто така не спиеле заедно. Во Русија, пред Револуцијата, аристократите имаа различни спални соби, така што тоа беше вообичаена работа во минатото.

Така, традицијата на спиење заедно се појави заедно со индустриската револуција кога луѓето почнаа да се движат во градовите. Малите станови едноставно не оставија друга опција за сопружниците, освен да спијат во ист кревет.

Подоцна, откако веќе се чувствував како експерт на оваа тема, решив да прочитам нешто научно и најдов книга напишана од професорот по социологија, Пол Ц. Розенблат, наречена „Двајца во кревет: Социјалниот систем на брачен пар“. Тој дошол до заклучок дека спиењето заедно честопати доведува до развој на психолошки проблеми, па дури може да предизвика несоница или некои други нарушувања. Научникот разговарал со десетици брачни парови и открил дека спалната соба е често „центар на затегнување на односите во куќата“. Значи, сопружниците честопати  се расправаат за мали секојдневни работи, како на пример дали и на миленциите им е местот во заедничикиот кревет или пример, дали може во креветот да се пушат цигари и да се јаде.

Покрај тоа, постојат многу конфликти кои започнуваат поради ‘рчење на едниот партнер, гледањето телевизија додека другиот спие, борбата за ќебе или осветлувачкиот екран на мобилениот телефон. Сопружниците честопати се борат околу температурата во спалната соба: На некои луѓе им се допаѓа топло, а на други им се допаѓа ладно. Професорот тврди дека, во повеќето случаи, проблемот лесно може да се реши само со спиење одделно, но луѓето не можат да се изборат со стереотипот дека спиењето заедно е далеку поприродно.“

Примери од славните парови

„При едно истражување поврзано со навиките во спиењето на брачните парови во САД, 31% процент од испитанците одговориле дека спијат одделно од својот партнер.

Воедно, открив дека многу славни парови кои се познати по својата голема љубов, всушност спијат одделно, во различни соби. Меѓу нив се Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, а одделно спијат и Кетрин Зита Џоунс и Мајкл Даглс, кои веќе 19 години се во среќен брак.“

Работите се променија кон подобро

„Во текот на овие 7 години во кои мојот сопруг и јас спиеме во различни спални соби, нашиот живот се подобри многу – одделното спиење никако не го наруши нашиот брачен однос. Ми се чини дека одделните простории не само што ни дозволуваат да спиеме добро, туку тие нè прават да бидат и повеќе независни затоа што секој човек сака понекогаш да биде сам.

Искрено, во овој момент, не мислам дека би можел да заспијам прегрната со мојот сопруг. Тоа не го менува фактот дека јас го сакам многу, едноставно не мора да значи дека сакам да спијам во ист кревет со него. Кога станува збор за се*с, за мене се*сот и спиењето се 2 потполно неповрзани работи. Немам претстава од каде потекнува стереотипот за се*с пред спиење. Но, имаме навика да влегуваме во меѓусебните спални соби пред спиење, да се бакнуваме и да си кажеме добра ноќ. Покрај тоа, за да се справиме со недостаток на романтичен физички, можеме целиот ден да го поминеме прегрнати во дневната соба.“

Совет

„Најважното нешто што го сфатив е дека сите парови се различни и не единствен правилен начин за тоа како да се изгради семејниот живот. Ако се чувствувате непријатно и точно знаете како да ја подобрите ситуацијата, разговарајте со партнерот. Разговарајте многу, но останете мирни. Објаснете го вашиот став. Дојдете до идеалното решение со заеднички разговор.“