„Јас сум мајка, сопруга и љубовница на многу други“ – Ова е приказната на Ирена
„Мојот двоен живот започна пред неколку години. Ниту самата не знам што ме доведе до тоа. Најверојатно стравот од помислата дека сум оставена во мало гратче без перспектива и развој.“
Прочитајте ја во продолжение исповедта на Ирена, која раскажува за нејзиниот необичаен живот.
„Во брак влегов по само 1 година од врска, уште пред 20-тина години, а веднаш потоа останав бремена, па така веднаш започнав со улогата на мајка, верна и грижлива сопруга. Се чувствував сакана и исполнета. Сите ми велеа дека сум најпрекрасната девојка во градот и пошироко, а притоа отсекогаш ги привлекував машките погледи, но и погледите на жените, па дури и откако родив 2 деца.
Омажена за музичар, често ја поминував ноќта сама дома. Тој кој знае што правеше и каде одеше. По извесно време, не се ни премногу грижев за тоа. Започнав да си посветувам повеќе внимание себеси. Понекогаш посакував да се впуштам во некаков флерт, но ми изгледаше премногу ризично. Што ако се дознае? Мало место, сопруг, 2 деца, роднини…Не смеев ниту да помислам.
Тоа беше мојата морална страна. Но, потоа во мене започна да се буди желбата за повеќе забава, за нешто ново, за некаква страст, која толку многу ја посакував со години, а на која имав заборавено. Но, сето се промени…
За кратко време животот ми стана како холивудски филм. И тоа ми се допадна! Во моментот имам три профили на Интернет страните за запознавање. Преку нив започнав да флертувам со секакви луѓе и повеќе да се запознавам себеси и мојата интимност. И знаете ли што најмногу ми одговара? Сè! Ќе ви кажам нешто…
Првите неколку месеци се допишував со згодни мажи, потоа тајно започнав да се среќав со неколку од нив. Првиот пат ми беше страв, но веќе полека започнав да сфаќам дека живеам двоен живот, за кој никој не може да открие. Имав автомобил, децата веќе беа пораснати, а сопругот не се интересираше каде сум. Сигурна сум дека и тој има љубовници.
Со текот на времето, научив како најдобро да ги организирам моите авантури. Стасав и до степен што во еден момент ги запознав меѓусебно моите љубовници, кои исто така беа во брак со други жени. Мојата страст сега е целосно на врвот, јас сум исполнета на секаков начин.
И каде се сопругот и децата во оваа приказна? Тие не се дел од неа. Јас живеам со тоа семејство и имам сосема различен живот со нив. Второто е мојот таен свет, кој е само мој и во него јас сум си себеси на прво место, јас сум најважната, моите желби и потреби и не сакам да се откажам од тоа задоволство.“
Што мислите вие?