Јогурт – торта без брашно и масло: Лесна, со ангелски вкус и неверојатна арома
Во оваа „ангелска“ торта нема ниту брашно, ниту масло – таа е толку нежна, ароматична и лесна, што секој кој ја пробал, ќе се согласи дека едно парче не е доволно!
Јогурт – торта без брашно и масло
Во оваа „ангелска“ торта нема ниту брашно, ниту масло – таа е толку нежна, ароматична и лесна, што секој кој ја пробал, ќе се согласи дека едно парче не едоволно!
Servings: 4
Ingredients
- 4 јајца (на собна температура)
- 70 гр шеќер
- 350 гр кисело млеко
- 40 гр пченкарно нишесте
- 1 кафена лажица пециво
- По желба кора од портокал или лимон
- 1 кафена лажица ванилин шеќер
Instructions
- Разделете ги јајцата (на собна температура) на белки и жолчки. Изматете ги жолчките со шеќерот, додека да се зголемат и добијат бела боја.
- Додадете ги киселото млеко, ванилата и изренданата кора од лимон и портокал (може и да не ги додавате, доколку не ви се допаѓа мирисот и вкусот на цитрусните овошја). Изматете го сето со миксер.
- Додадете ги нишестето и пецивото и повторно со миксерот измешајте до мазна смеса. Следно, изматете ги и белките до формирање на тврда бела текстура.
- Постепено додадете ги белките во млечната смеса сожолчките, притоа мешајте нагоре-надолу со шпатулата. Еве како треба да изгледа смесата:
- Добиената смеса исипете ја во соодветен сад, во кој претходно е поставена хартија за печење и поставете ја тортата да се пече 30-35 минути на 170°C.
- Откако ќе помине половина час, исклучете ја рерната и отворете ја нејзината врата. Оставете ја тортата во садот дополнителни 10-15 минути.
- Потоа извадете го десертот од рерната и оставете го целосно да се излади, а потоа извадете го од садот. Истиот може да го декорирате со шеќер во прав, изрендано чоколадо или шербет.