Каде се најголемите „валканици“? Европски земји каде што е потребна храброст да се оди во јавен тоалет
По целодневно шетање низ градот, чистиот тоалет може да биде пријатен како чаша ладно пиво, доволно простор да се испружите на две седишта во автобусот или некоја друга ситуација што ќе ви стави насмевка на лицето.
Цената, чистотата, како и опремата на јавните тоалети во Европа многу варира, а според анкетата на патниците од пред неколку години, француските тоалети се највалкани. Овој факт не ги изненади ниту самите Французи, кои се свесни за состојбата на тоалетите во земјата. По нив следат Турците и Полјаците.
Кралеви на чисти тоалети се Португалците, Швајцарците и Австријците.
Во Париз и во другите француски градови, не е невообичаено да се уринира на надвор, и во еден момент се појави кампањата „Pas pipi dans Paris“, која се обиде да ги освести граѓаните дека не треба да оставаат „влажна трага“ на патот.
Некои патници пак се жалат дека нема доволно места во Ирска каде што можат да ја ублажат болката од полн мочен меур.
Исто така, може да се раскажат бројни ужасни приказни за тоалетите во Македонија иако на повеќето места се` може да се најдат делумно чисти WC школки. Ова не е случај со Италија. Причината е едноставна, оние што не сакаат да седат на валкана школка, стојат на неа, а потоа прашање на време е кога таа ќе попуши. И штом се скрши, потребно е време да се смени. Затоа во многу места во Италија има чучевац.
Странците во оваа област честопати се шокирани од чучевацот, бидејќи нивната нечистотијата останува на нивните чевли, и ако не се доволно вешти, тие можат да ги извалкаат и панталоните.