Кафе-торта готова за брзо време: Шолја брашно, шолја шеќер, 2 јајца и резултатот е совршено ароматичен!
Секое време е совршено за десерт, а кој може да одолее на парче ароматична торта со вкус на кафе? Токму денес ви претставуваме ваков рецепт кој се приготвува многу брзо и лесно, а резултатот се топи во уста!
Кафе-торта готова за брзо време
Секое време е совршено за десерт, а кој може да одолее на парче ароматична торта со вкус на кафе? Токму денес ви претставуваме ваков рецепт кој се приготвува многу брзо и лесно, а резултатот се топи во уста!
Servings: 4
Ingredients
- 100 мл кисело млеко со 2,5% масленост
- 4 супени лажици растворливо кафе
- 2 јајца
- 1 шолја шеќер
- 100 гр путер
- 1 шолја брашно (130 гр)
- 1 кафена лажица сода бикарбона
- Малку оцет
- 200 мл кисела павлака + 3-4 супени лажици шеќер
Instructions
- Земете половина шолја од најобичното кисело млеко со 2,5%масленост и кон истото додадете 3 кафени лажици растворено кафе и така добро измешајте ги состојките.
- Важно: Млекото не треба да биде студено, а кафето треба да се раствори во него. Измешајте и оставете да отстои 20 минути.
- Јајцата исто така треба да се на собна температура. Истите изматете ги до добивање на бујна пена. Потоа додадете го шеќерот иматете 3 минути со максимална брзина на миксерот, со цел да се раствори шеќерот, а потоа додадете го омекнатиот путер.
- Потоа додадете го киселото млеко со раствореното кафе вонего и измешајте ги сите состојки заедно. Додадете го и брашното и повторно измешајте до добивање соединета смеса. Мешајте со миксер. Измешајте ја содата со малку оцет и додадете ја кон тестото со мешање.
- Додадете го тестото во сад прекриен со хартија за печење или премачкан со масло за готвење и поставете го да се пече 50-60 минути на 160-170°C, до негово целосно приготвување.
- Откако пандишпанот ќе биде готов, оставете го да се излади, а во меѓувреме пригответе го филот.
- Земете 1 кафена лажица растворливо кафе, додадете кисела павлака, исто така на собна температура и 3-4 супени лажици шеќер (може и шеќер во прав).
- Измешајте ги сите состојки заедно и оставете ја смесата да отстои така, до целосно растворање на гранулите кафе.
- По половина час, исечете го пандишпанот на два дела.Премачкајте го секој дел со фил, почекајте 15 минути, за да се впие првиот слој од филот, а потоа нанесете и втор слој. Потоа соединете ги двата дела и премачкајте ја целата торта со преостанатиот фил.
- Одозгора декорирајте со изрендано чоколадо, а може да нанесете и јаткасти плодови или суво овошје. Оставете ја тортата да отстои неколку часа или преку целата ноќ.