Како би реагирале вие? На гостите на оваа свадба ќе им се слоши, откако ќе разберат од што е приготвена храната
Британците негуваат традиција на правење свадби, кои гостите долго ќе ги паметат. Но, гостите на оваа свадба, дефинитивно никогаш нема да го заборават овој настан.
Еден британски пар, по повод својата свадба, бара готвач кој ќе се согласи да им го приготви нивното замислено мени.
Тие веќе ја започнале нивната потрага по кулинарскиот експерт, а нивниот оглас го истакнале на британскиот портал за услуги, „Bark“.
Младоженицте се надеваат дека ќе успеат во нивната цел и ќе пронајдат готвач кој ќе ја исполни нивната невообичаена желба и притоа ќе подготви мени од јадења приготвени од месо. Но, не станува збор за било какво месо, туку за месо од убиени животни покрај патиштата. Парот бара готвач кој ќе успее толку совршено да ги приготви јадењата, што гостите нема да дознаат ништо.
Тие исто така во огласот истакнале дека веќе поседуваат 20 килограми месо од умрени животни како еребици, фазани, зајаци, па дури и месо од елен. Покрај тоа, во огласот е објавено дека и ќе го наградат со 5.000 евра оној готвач кој ќе го прифати нивниот предизвик.
„Веќе имаме соберено околу 20 килограми месо. Сè што треба да направите е да измислите и да подготвите неколку вкусни јадења за нашите гости“- пишува во објавата на британскиот пар.
Нивната нестандардна идеја има едно многу едноставно објаснување. Младожените по професија се еколози и тие веќе 3 години се хранат од месо од убиени животни покрај патиштата, со цел да го намалат отпадот од остатоци од храна. Според нив, тие треба да ги почитуваат нивните еколошки принципи во било кое време, па дури и за време на нивната свадба.