Како брзо да ја исчистите дограмата на вашите прозорци, користејќи само природни средства
Дури и завесите да се најубавите и да мирисаат и изгледаат свежо и чисто, сето нема да помогне, доколку самите прозорци се валкани, особено доколку на дограмата се наталожиле масни и наслаги од прашина.
Токму за оваа цел, денес со вас споделуваме еден неверојатно лесен и едноставен трик кој ќе ви помогне брзо да ја исчистите дограмата и вашите прозорци повторно да заблескаат.
Како брзо и лесно да ја исчистите дограмата
Ќе ви биде потребно
- Сода бикарбона
- Водороден пероксид т.е хидроген
Начин на употреба
Нанесете сода бикарбона врз масната и валкана зона, а потоа наполнете со малку хидроген, за да добиете каша со средна густина.
Почекајте 2-3 минути, а потоа исчистете ја смесата со салфетка. За секунда ќе ги добиете посакуваните резулати- блескава дограма, која изгледа како нова.