Како брзо и лесно да ги исчистиме замастените решетки на аспираторот, само со природни средства
Независно од моќноста, видот или размерот, грижата и редовното чистење на аспираторите е од клучна важност за одржување на нивната состојба. Порано или подоцна, на истите се наталожуваат масни наслаги.
За таа цел, денес ви откриваме како брзо и лесно да ги исчистите замастените решетки на вашиот аспиратор.
1. Лимон
Едноставно земете 1 лимон и исечете го на големи парчиња, за подобро да може да го држите во рака. Истријте ја со истиот површината на аспираторот и почекајте 15 минути. Сокот од лимон ќе ви помогне да ги отстраните маснотиите од површината, со што ќе заштедите и време и нерви.
2. Оцетна киселина
Растворете 2 супени лажици оцетна или лимонска киселина во 1 литар вода и поставете го добиениот раствор на површината на аспираторот, да отстои половина час. Справувањето со маснотиите никогаш не било полесно!