Како да го одзатнете мијалникот без хемикалии?
Со текот на времето во одводот во кујната или бањата се акумулираат многу различни отпадоци и нечистотија . И еден ден акумулацијата станува толку голема што водата не може да помине слободно. Не брзајте да викате водоводџија или да трчате до продавницата по препарати. Ние ќе ви покажеме како лесно да си приготвите домашно средство за чистење на цевките . Состојките за него ги има секоја домаќинка.
Потребни состојки:
200 гр. прашок за печиво
200 гр. сол
150 мл оцет
вода
Подготовка и примена:
Измешајте ги солта и прашокот за печиво.
Внимателно истурете ја смесата во мијалникот.
Загрејте малку оцет и истурете го во мијалникот. Ќе следи вообичаената хемиска реакција и средството ќе почне да се пени.
Потоа истурете во каналот топла вода за да се ослободи каналот.