За да изгледате совршено, треба да размислите за сè – Од потенката половина до со соодветените пропорции. Дури и чантата може да ја подобри силуетата на вашата фигур, но само доколку ја изберете правилната. Резултатите се сосема поинакви, доколку чантата е погрешна.

Токму за таа цел, за денес ви подготвивме информативен моден водич, благодарение на кој ќе знаете како да ја изберете идеалната чанта за вас, со која на совршен начин ќе ја истакнете вашата фигура, правејќи ја воедно и повитка.

Прво, треба да научите кој е вашиот тип на фигура

  • Доколку имате пошироки рамена од колковите, имате обратна форма на триаголник.
  • Доколку половината и рамената ви се потесни од колковите, вашето тело има облик на круша.
  • Доколку рамената, половината и колковите се со иста големина, тогаш вашето тело има правоаголна форма.

  • Доколку половината ви е поголема од рамената и колковите, тогаш имате тело во форма на јаболко.
  • Доколку рамената и колковите се избалансирани со потесена половината, имате форма на песочен часовник.

Вака можете да го одредите типот на вашето тело. Модните експерти велат дека кога избирате чанта, истата треба да биде во форма спротивна на формата на вашето тело. Во продолжение прочитајте што конкретно значи тоа:

1. Ако имате форма на обратен триаголник

Внимавајте околу областа на половината за да создадете избалансиран изглед. Клучниот детаљ на кој треба да обратите внимание е должината и ширината на рачките на чантата. Бидејќи не ви е потребен акцент околу градите, не избирајте премногу мали или преголеми чанти за рамо со големи прерамки.

Изберете „поштарска“ чанта и чанти со долги рачки

2. Ако имате правоаголна форма

Треба да додадете облини на вашата форма за да ја надополните вашата остра фигура, па заота дизајнот и материјалот на чантата се од голема важност за вашето тело. Должината на рачките треба да овозможи чантата да биде на ниво на вашпите колкови, кога ќе ја носите, па така не купувајте чанти со строга геометриски дизајн.

Наместо тоа, изберете чанта од мека кожа, огромна „училишна“ торба, „вреќаста“ чанта, како и „тот“ чанта

3. Ако имате форма на круша

Сигурно не би сакале да изгледате подебели од половината надолу, па затоа фокусирајте се на истакнување на рамената и градите. За да го постигнете ова, треба само да бидете внимателни околу должината на рачката. Вашата чанта не треба да паѓа под линијата на половината.

Потребно е да изберете модели на чанти како што се т.н „кошница“ чанта и чанта со ремените кои се носат преку телото.

4. Ако имате форма на јаболко

Треба да создадете илузија за да ги балансирате пропорциите на вашето тело. Големината и дизајнот на чантата што ќе ја изберете се од големо значење, па затоа држете се подалеку од мали, кратки рачки и неструктурирани модели на чанти.

Наместо тоа, изберете впечатлив дизајн! Тот чанта изработена е вистинскиот избор за вас!

5. Ако имате форма на песочен часовник

Честитки, вие сте една од среќните дами! И покрај тоа што без разлика каква и чанта да изберете нема да ја покрие вашата балансирана фигура, сепак најдобро е да изберете чанти со мазна текстура, притоа комбинирани со едноставна облека, за да постигнете подраматичен ефект.

Модните експерти советуваат дамите да не ја купуваат веднаш првата чанта што ќе ја здогледаат, туку да обратат внимание на многу детали, како што е нивната фигура.