Како да ја одржите свежината и да го решите проблемот со миризливите чевли, благодарение на една обична домашна состојка
Една жена која важи за гуру за чистење, на својот Инстаграм профил, сподели едноставен трик како со помош на една обична домашна состојка, да се ослободите од миризливите чевли, кои можат да бидат навистина непријатен проблем.
Линзеј Кромби, од В.Британија, е автор на книга која содржи токму такви едноставно трикови за чистење , а воедно на Инстаграм е потпишана како „Кралица на чистењето“(анг. Lynsey Queen of Cleaning) и притоа има 146.000 следбеници.
Токму на својот Инстаграм, Линзеј сподели фотографија на која покажува како става ќесички чај во своите обувки и на тој начин ефикасно и многу брзо го решава проблемот со непријатниот мирис.
Во описот на фотографијата, жената додаде: „Ставете неколку ќесички чај по ваша желба во миризливите обувки, за да се изборите со непријатниот мирис кој е предизвикан од топлината и бактериите. Било каков чај ќе функционира, па дури и чаевите со мирис на мента. Оставете ги ќесичките да отстојат така преку ноќта, на некое суво и топло место. Колку подолго ги оставите ќесичките во чевлите, толку подолготраен ќе биде ефектот.“- објаснува кралицата на чистењето.
Нејзините фанови се воодушевија од трикот, при што беа едногласни дека следно што ќе направат е да го испробаат истиот.
Самата Линдзеј постојано ја истакнува бројната употреба на ќесичките чај, при што според неа, иститие можат да бидат одлична алтернатива при чистењето на прозорците или пак за заштита на растенијата.