Како да ја вратиме природната боја на белите влакна со домашен раствор од компири – Лесно, евтино и безопасно
Доколку сакате да ги сокриете вашите бели влакна, покрај стандардните купечки фарби, денес ви претставуваме едно сосема природно решение, со подеднаков моќен ефект!
Компиров раствор против бели влакна на косата
Потребни состојки
- Вода
- Лушпи од компири
Начин на подготовка
Доведете ја водата до точка на вриење, а потоа во истата додадете ги лушпите од компирите. Варете 5 минути, а потоа прецедете и почекајте растворот да се излади.
Веднаш штом растворот ќе добие темна боја, истиот може да се користи.
Начин на употреба
- Измијте ја косата на вообичаениот начин, со обичен шампон.
- Исплакнете со колку што е возможно повеќе вода, а потоа намокрете ја косата со компировиот раствор.
- Завиткајте ја косата во крпа и оставете го растворот да дејствува 1 час.
- На крај исплакнете ја косата.
Овој раствор ќе придонесе за потемнување на косата. Важно е редовно да го користите, за да ги добиете посакуваните резултати. Повторете колку пати сакате, по ваша желба, бидејќи природниот раствор е сосема безопасен за користење.