Свеќите се одличен начин да се додаде светлина и топлина на собата и да се направи таа да изгледа посебно.  Со нив  домот добива свој карактер  и постојано мириса свежо.  Правењето на миризливи свеќи дома е полесно отколку што мислите.  Можете сами да ја направите вашата омилена миризба и боја, давајќи му на свеќата свој личен печат. Совршени се за декорирање на домот, а добри се и како подароци.

Потребни материјали и алатки:
– восочни снегулки
– садови за свеќи
– нетоксични мрсни бои
– есенцијални масла
– стаклен сад
– тенџере
– штипка

glue3

Ставете го металниот дел од фитилот на дното од садот, а другиот дел задржете го со помош на  штипка да виси надвор од садот.

clothspintrick-Copy

Потоа измерете го потребното количество на восочни снегулки. За секој сад потребно е два пати поголемо количество восок од неговата големина.

Наполнете го тенџерето до половина со вода. Не треба да се става премногу вода, бидејќи при вриење може да прска во садот со восок. Во тенџерето се става садот со восок. Тенџерето се става на не многу силен оган, а восокот се меша повремено со метална лажица.

Ако сакаме свеќите да бидат во боја, во восокот треба да ставиме мало парче мрсна боичка. За поинтензивна бојана свеќата, треба да ставиме повеќе од боичката. Во тој случај парчињата треба да ги додаваме постепено да се топат со восокот. Додека се топи бојата ќе е поинтензивна, но со ладењето на восокот таа ќе бледее.

initpour

Кога целиот восок ќе се истопи, го тргаме од огнот. Во восокот додаваме неколку капки есенцијално масло. Колку повеќе капки ставиме, толку поинтензивно ќе мириса свеќата.  Секако, не претерувајте со количините. Можете да комбинирате неколку есенцијални масла и да го направите вашиот омилен мирис. По додавањето на есенцијалното масло треба добро да се измеша за да се изедначи смесата.

trimwick (1)

Садовите за свеќи треба да ги ставиме на место од кое нема да бидат преместувани. Постепено го истураме восокот во садовите и ги оставаме 3-4 часа да се изладат. Најдобро е да се ладат на собна температура, со што ладењето ќе е постепено и нема да се создаваат пукнатини во восокот.