Како да откриете дали тој престанал да ве сака – 3 знаци кои никогаш не лажат
Психологијата на еден маж, кој е во врска со една жена, е различна од женската психологија и тоа е очигледен факт, при што затоа понекогаш постои големо недоразбирање меѓу партнерите.
Чувствата се менуваат и сосема е возможно мажот, кој жената некогаш ја нарекувал своја сакана и единствена, сега за него само да биде сосема обична личност, кон која веќе не чувствува ништо.
Еве кои 3 фрази најчесто ги велат мажите кога веќе престанале да ја сакаат својата партнерка:
1. „Потребен ми е одмор“
Кога мажот бара одмор од врската во која се наоѓа, тој едноставно се сомнева во својот избор на партнерка. Потребен му е простор и време да помине сам, за да види дали ќе му недостасувате. Или веќе е изморен од трудот и смета дека ако направи пауза, нештата подоцна ќе се вратат по старо.
2. „Погледни ја Катерина / Ивана / Ана…“
Еден маж кој ја сака својата партнерка, никогаш нема да ја споредува со други жени. Оној кој ги изедначува и споредува квалитети на својата сакана со други, всушност значи дека едноставно бара подобра партнерка.
3. „Не ме интересира што мислиш“
Кога мажот веќе не го интересира вашето мислење, ниту се бори да го добие, тогаш тоа е најјасниот знак дека воопшто не е заинтересиран за вас, па дури не ве почитува ниту како личност.
Кога во една врска ќе се загуби довербата меѓу партнерите, тогаш се губи и значењето на истата. Затоа, според љубовните експерти, најдобро е партнерите секогаш отворено и искрено да разговараат.