Погледнете го следното видео, едуцирајте се, а воедно препознајте дали вашиот миленик е “Пијан морнар”.

Запознајте го мачорот Хеликс кој страда овој синдром. Понатаму во видеото ќе забележите дека сопствениците во домот имаат ставено перници на подовите, за негова заштита.

https://www.youtube.com/watch?v=W0VABEu2ws4&t=45s

Пијаниот морнар” е креативен синоним за т.н Воблерова болест, а претставува церебрална хипоплазија, односно деформација при која мачињата уште од раѓање се карактеризираат со неоформен мал мозок и во текот на нивниот живот се осудени да живеат со нарушена рамнотежа, пропратена со благо тресење на екстремитетите и главата, не можат да се исправуваат, ниту да се искачуваат на површини како дрвја и сл, а во поекстремна форма, не можат ни да стојат.

Воблеровиот синдром се забележува покасно и моментално сѐ уште не е откриен лек за него. Освен наведените карактеристки, тие од секој друг аспект се нормални миленици кои не заслужуваат да бидат сакани помалку поради нешто што не е нивна вина.

Затоа луѓето кои чуваат миленци треба да бидат упатени за ова, бидејќи статистиката вели поради недоволна едуцираност се посегнува по нивна еутаназија.