Како да си приготвите сушени домати во домашни услови, кои даваат неверојатен вкус на секое јадење
Покрај тоа што се неодоливо вкусни, доматите воедно се и исклучително корисни за нешто здравје, а токму сега најмногу треба да ги консумираме, кога сме во нивната сезона!
Тие најмногу се користат во медитеранската кујна, но застапени се и во нашата. Доколку никогаш не сте пробале сушени домати или специјалитети со истите, тогаш време е да се запознаете со традиционалниот деликтес на сончевата Сицилија!
Сушени домати
Сушените домати се многу лесни за приготвување, а нивната употреба за збогатување на вкусот на други јадења е уште полесна.
Може да се додадат во разни салати, сендвичи, пици, во тестенини, сосови, во јадењата со риба и месо, а маслото кое го содржат, делува како вистинска вкусна емулзија. Покрај тоа, истото се карактеризира и со извонреден ароматичен вкус.
Како да си приготвите сушени домати
Постојат само 2 начина: На Сонце и во рерна. Се подразбира, процесот на сушење во рерна е многу побрз, но не треба да ја заборавите и првата опција, особено кога сега се доволно високи временските температури.
И во двата случаи важно е да имате направено правилен избор на домати. Се препорачува да се приготват во летната сезона, а притоа да можете да ги користите во зимските јадења.
Истовремено, не заборавајте дека сушените домати значително ја намалуваат својата оригинална големина, при што за почеток најдобро е да земете килограм и половина домати.
1. Сушени домати во рерна
Измијте ги доматите и малку исуштете ги со крпа. Потоа исчете ги на половини. Се препорачува поголемите домати да се сечат и на четвртини.
Покријте ја тавата со хартија за печење, подредете ги доматите подеднакво на целата површина и посолете сол, во количество по ваша желба. Од зачини додадете: Босилек, рузмарин, мајчина душица и оригано.
Може да ги печете доматите во рерна во времетраење од 8-12 часа, на температура од 80°C, 6-10 часа на температура од 100°C или 3-8 часа на температура од 120°C и повеќе.
2. Сушени домати на Сонце
Сè зависи од времето и климата. При температури до 40°C, доматите се сушат во временски период од 3 до 8 дена.
При нивното сушење, доматите добиваат побогата црвена боја. Многумина ќе се согласат дека можеби подготовката подолго трае, но толку се вкусни што веднаш ги трошат како додаток за сите јадења, па затоа најдобро е да си зачувате и дел во тегли за зимскиот период.