Како да станете попозитивна личност за 21 ден
Секојдневието исполнето со мали, но многу моменти на среќа се од исклучителна придобивка за нас и нашето здравје. Еве како да станете попозитивна личност за 3 недели.
Честопати слушаме како среќата е во малите нешта. А тоа клише е сосема вистина. Едно истражување покажа тајните за среќен живот лежат во малите моменти кои ни се случуваат секој ден, а за кои можеби не сме ни свесни.
Кога ќе почнеме да им обраќаме поголемо внимание, автоматски и среќата се зголемува. А еве како лесно да стасаме до таа цел, да бидеме позитивна личност со среќен живот.
Прва недела: Фаќајте забелешки
Размислувате оваа недела да се почестите со вашиот омилен десерт или пак, со долга и релаксирачка купка? Малите работи кои ве исполнуваат започнете да ги пишувате на лист хартија и едно по едно, да ги исполнувате. Среќата нека ви стане обврска.
Бидете присутни во сегашноста и воопшто не срамете се да покажете колку сте задоволни од некоја работа што ве прави среќни. Па дури и ако тоа е едноставното легнување на кревет, по долгиот работен ден.
Втора недела: Откријте ги тајните моменти на среќа
Подгответе се да ги откриете не толку очигледните моменти што ве исполнуваат. Добар начин да го направите тоа е, со паметниот телефон да ги фотографирате малите нешта што ве прават среќни.
Изберета боја која ве орасположува и потрудете се повеќе да ја внесете во вашиот живот. Преку облеката, преку ентериерот во домот, некој додаток на работното место и слично.
Пронајдете позитивна страна и во работите кои не ви се допаѓаат. На пример, не го сакате утринското будење? Но, размислете колку е убаво кога наутро кујната е само за вас, па имате можност кафето да го испиете во тишина и мир.
Трета недела: Сами создадете ја среќата
Во моментите кога сте крајно нерасположени, сами пронајдете го излезот од негативната ситуација. Тоа најдобро ќе го направите со пуштање на вашата омилена музика или пак, доколку се размрдате со вежбање, кое ќе ве ослободи од стресот.
Направете нешто добро за некој друг. Сите знаат да се чувствуваат лошо, па зошто да не му го поправите денот некому? На крај од доброто дело и вие ќе се чувствувате среќно и исполнето.