Како да знаете дали вашиот вид е оштетен по набљудување на затемнувањето на Сонцето
Со затемнувањето на Сонцето, што се случува на секои 18 месеци, во различни делови од светот, важно е да знаете дали случајното гледање во феноменот, предизвикално трајни штетни последици врз вашиот вид.
По целосно затемнување во 2017-та година, најпребаруваното прашање на Интернет било „причината за болка во очите“, а одговорот бил очигледен- неносење соодветна заштита.
1. Каде настанува штетата?
Вашите очи се создадени од голем број на делови, кои сите заедно работат, за да ви го дадат најпрецизниот вид, со кој располагате. Но, гледањето во Сонцето може да предизвика штета од која нема враќање. Кога Сонцето е затемнето, нека не ве залажува феноменот, бидејќи јачината на неговата светлина е подеднакво иста. Ова значи дека ако гледате директно во затемнувањето на Сонцето, па дури и до 10 секунди, тоа може штетно да влијае врз вашиот вид.
Делот во мрежницата познат како фовеа, сместен во нејзиниот центар, е одговорен да имаме остар и прецизен вид. Па затоа, подолгото гледање во затемнувањето влијае токму врз оштетувањето на овој дел и ја предизвикува состојбата наречена „сончева или соларна ретинопатија“.
2. Симптоми
Во мрежниците, нема да најдете рецептори за болка, што значи дека симптомите од оштетен вид нема да бидат веднаш видливи. Вообичаено, потребни се 12 часа по гледањето на затемнувањето, за да штетата исплива на површината. Некои луѓе ќе се соочат со матен вид, додека пак други ќе забележат ќе имаат сосема нарушен вид, како слепа точка во едното или и двете очи, преголема чувствителност на светлина, што значи дека развиле состојба наречна хроматопсија, при која начинот на кој ги перцепирате боите е изменет и надразнет.
3. Третирање на проблемот
За среќа, сите оние кои страдаат од соларна ретинопатија, нивните симптоми на оштетен вид можат да исчезнат за неколку месеци, но исто така, на поголемите штетни последици ќе им треба 1 година за да целосно исчезнат.
Сепак, не сите имаат таква среќа. Кај некои луѓе, настанатата слепа точка во окото или и двете очи е од траен карактер.
4. Превенција
Иако, звучи досадно, но сепак очигледно превенцијата лежи во тоа воопшто да не гледате директно во феноменот, но ако не можете да одолеете на затемнувањето, сепак за таа цел, задолжително носете соодветна заштита на вашите очи.