Кога ги гледаме филмовите и сериите со нашите омилени sвезди од 90-тите и 2000-тите и ги пееме песните на популарните музичари од тоа време, не ни сфаќаме дека нашите идоли денес изгледаат сосема поинаку и многу од нив имаат свои семејства и деца. Всушност, некои од нивните деца веќе градат свои холивудски кариери.

Ние се интересиравме како денес изгледаат децата на нашите омилени актери и пејачи од блиското минато и решивме да истражиме.

Лука, Лола и Фиона – ќерките на Џени Гарт

Џени Гарт, sвездата на Беверли Хилс, 90210 има 3 ќерки. Најстарата ќерка Лука, која има 24 години, веќе се појави во 5 проекти. 14-годишната Фиона сè уште е во училиште, а 18-годишната Лола штотуку го заврши. Инаку, самата Гарт го направи матурскиот фустан што го носи нејзината ќерка.

Дејзи – најстарата ќерка на Луси Лоулс

Ѕвездата на Зина: Принцезата воин има 3 деца: синовите Џлиус и Џуда и 32-годишната ќерка Дејзи, која е исто така актерка.

Сем, Лола и Елоиз – ќерките на Дениз Ричардс

За време на бракот со Чарли Шин, Дениз имаше 2 ќерки: Сем и Лола. И во 2011 година, актерката посвои девојче кое го нарече Елоиз.

Ела – ќерка на Бен Стилер

19-годишната ќерка на Бен Стилер многу наликува на нејзиниот славен татко: обожава филмови и веќе има мала филмографија.

Џек – син на Лук Пери

Во бракот со актерката Рејчел Шарп, Лук Пери имаше 2 деца: синот Џек и ќерката Софи. Џек има 24 години и тој е професионален борач. Младиот човек е познат како „Тарзан“. А, ќерката на Лук, Софи, која има 21 година, е волонтер.

 

Никола, Луси и Мери – децата на Енрике Иглесијас

По 15 -годинишна врска, Енрике Иглесијас и Ана Курникова станаа среќни родители на близнаците Николас и Луси. И во 2020 година тие добија друга ќерка која ја нарекоа Мери.