Ако имате акни, митесери или друг вид кожни проблеми, најдобри лекови се оние на природна основа. Еве неколку предлози, а Вие изберете го она што ви одговара:

Зелен чај

Зелениот чај ќе ја заштити вашата кожа од различни неповолни надворешни влијанија.

Подготовка: Во зовриена вода ставете зелен чај и оставете го така 10 до 12 минути. Потоа наведнете ја главата над чајот и покриете се со чиста крпа. Во таа положба останете пет минути, а потоа избришете го лицето со сува и чиста крпа.

Камилица

Камилицата е една од најчестите билки во козметиката. Можете да ја користите и како средство за отстранување на нечистотии од порите.

Подготовка: Во зовриена вода ставете сушена камилица и оставете да стои 5 минути. Потоа наведнете ја главата над чајот и покриете се со чиста крпа. Во таа положба останете 10 минути, за да постигнете добар резултат.

Откако ќе се излади чајот можете да го измиете лицето со него.