„Како го претворив мојот стар дом, кој беше во очајна состојба, во модерен, со низок буџет“
Сите ние сакаме да имаме модерен дом, но честопати си мислиме дека тоа значи и е поврзано со целосно реновирање, за кое се потребни многу финансии, но всушност понекогаш е потребна само поголема имагинација.
Претворањето на еден стар дом, во очајна состојба во нов дом со луксузен изглед е вистински предизвик, дури и за најдобриот дизајнер на ентериер. Доказ за ова е овој стар стан, кој пред 30 години изгледал неверојатно, но откако го купил нов сопственик, станот добил очаен изглед.
Откако бил продаден на Олга, која по професија е сметководител, станот повторно е претворен во лускузен дом. Според неа, и дизајнерката за ентериер, Татјана, предност во овој случај било што станот се наоѓал на последниот кат, со што бил намален бројот на соседите со кои морало да се преговара за замената на инсталацијата за водовод и канализација.
За самата декорација била земена инспирација од италијанските домови. Со еколошки материјали, неколку нови елементи и ѕидовите бојадисани во светли тонови, биле сосема доволни да го претворат стариот стан во нов и луксузен.
Погледнете во продолжение како изгледал и како сега изгледа станот: