Како изгледа дом кој не бил чистен повеќе од 13 години? Фотографии кои создаваат немир во стомакот
Една добронамерна сосетка решила да помогне на една возрасна жена, која повеќе од 13 години го нема исчистено својот стан.
39-годишната Луси Ашен, која е мајка на 3 деца, била шокирана кога открила во каква состојба живее нејзината возрасна сосетка.
Им биле потребни речиси 4 дена за да ги отстранат сите нечистотии и тврдокорни масни дамки од површините во станот, кои се насобирале повеќе од една деценија во домот.
Возрасната жена страда од психички проблем, притоа живее сама и финансиски се потпира на својата скромна пензија и помошта која ја добива од државата. Таа го нема исчистено сопствениот стан повеќе од 13 години.
„Знаев дека извесно време живее во лоши услови, но навистина немав претстава колку навистина е валкан нејзиниот дом. Од неодамна ми се довери бидејќи имаше доверба во мене, при што ми даде можност да влезам во станот. Станот изгледаше ужасно. Никој не треба да живее во такви услови. Знам дека нема семејство, ниту пријатели, па затоа јас лично решив да й помогнам.“- вели Луси.
Возрасната жена дури ниту можела сама да се капе.
Откако станот бил исчистен, во истиот бил поставен нов мебел, дониран од хумани луѓе, кои исто така сакале да помогнат.