Како изгледа градот што се наоѓа во центарот на универзумот каде што живеат само двајца жители
Станува збор за градот Фелисити, Калифорнија, САД, основан во 1986 година од Џек-Андре Истел, кој исто така е градоначалник на градот. Истел го нарекол малиот град по неговата сопруга Фелисија која е единствениот друг жител.
Корисникот на ТиктТок, Тревор Рогелстад, го посети мистериозното место за време на патувањето со партнерот, снимајќи разни атракции вклучувајќи скали што не водат никаде и 21-метарска пирамида, што според жителите на градот е центар на универзумот.
@trogelstadHave you been to the center of the universe? ##foryoupage ##fyp ##handmaidstale ##socal ##roadtrip ##tostitospreparados ##foryou ##tostitos♬ Amityville Horror – Scary Halloween Sound Effects – Halloween Sound Effects
Двојката дури и сними еден од двајцата жители, иако од далеку не е нејасно дали станува збор за г-дин или г-ѓа Истел.
И покрај малата популација, Фелисити има црква, гробишта, па дури и лавиринт инспириран од детската книга на Истел „Коу Добриот змеј во Центарот на светот“.
@trogelstadHave you been to the center of the world? Part 2 ##foryoupage ##fyp ##tostitosunspokenbonds ##foryou♬ Amityville Horror – Scary Halloween Sound Effects – Halloween Sound Effects
Градот исто така може да се пофали со Музејот на историјата во Гранит, за кој се вели дека е прилично интересен, но можеби најфасцинантниот дел за Фелисити е тоа што се вели дека се наоѓа во самиот центар на Земјата, а пирамидата го означува точниот центар.