Бел невестински фустан, вел и елегантен букет- денес ова се трите главни одлики на секоја невеста скоро секаде во светот. Но, сепак, во одредени делови паровите ја претпочитаат традицијата, која е многу повеќе од едноставна бела венчаница.
Во продолжение погледнете збир од најуникатните невестински традиции ширум светот, кои се многу поразлични од она што сме навикнати да го гледаме и кои дефинитивно оставаат без зборови:
1. Невестата во Јемен вообичаено носи златен фустан украсен со многу златен и сребрен традиционален накит
2. Невестата во Јапонија носи бело кимоно кое ја симболизира младоста и невиноста
3. Кинаури невестата во индискиот регион Кашмир носи вел од изработен од сребрени синџири, огромни огрлици и мали украсни кутии кои го симболизираат Буда и самата среќа
4. Невестата во Казахстан, традиционално носи украс на главата наречен „соќеле“, кој го симболизира почетокот на новиот брачен живот
5. Невестата во Монголија носи фустан со везени детали наречен „деел“, кој се носи низ векови од страна на Монголите во Централна Азија
6. Невестата во Кенија е украсена со 20 различни видови на накит
7. Невестата во Норвешка носи традиционална облека наречена „бунад“, украсена со сребрени детали за да ја заштити од лошите духови
8. Невестата во Индонезија носи многу злато, на фустанот има неверојани везени детали, впечатливи бои и уште поизвонредна круна
9. Невестата во Јужна Африка носи специјална шапка наречена „инкехли“ и шарен впечатлив накит
10. Невестата во Туркменистан, од глава до петици се покриени со наметки, кои служат како амајлии за да ги заштитат од лошите духови
11. Невестата во Тибет носи шарена традиционална облека, а притоа во косата е преплетен сребрен накит и носи нараквица, односно амајлија во форма на Буда
12. Невестата во грузискот регион Осетија, носи фустан со долги ракави, извесени детали на истиот и метален ремен околу половината наречен „талисман“
13. Невестата во Јужна Кореја, носи „ханбок“, традиционален фустан во светли бои и едноставни линии кои ја претставуваат традицијата од 1.000 години
14. Невестата во Романија на главата носи традиционален и рачно изработен украс, во форма на цилиндар, кој се верува дека ги штити жените од лошите духови
15. Невестата во Гора, регионот меѓу Косово и Македонија, го бојадисува своето лице за да ја протера лошата среќа од животот
16. Невестата во Етиопија носи кадифена наметка која вклучува и кадифена круна, кој вообичаено се во црвена боја и чисто злато
17. Невестата во афричкиот регион Еритреја, носи прекривка на лицето, која низ историјата била носена за да лицето на невестата се сокрие од гостите
18. Невестата во Шри Ланка носи т.н „Налалпата“, специјален накит кој се става на средина од челото, од страна на мајката на невестата, а симболизира вечност