Како лесно да го прочистиме секој внатрешен орган, за да го одржиме здравјето и балансот во организамот
Важно е да секој од нас да научи како детоксикацијата на организамот ќе биде гаранција да биде здрави и добри на долг врменски период.
Постојат 7 витални органи во нашето тело, кое редовно треба да ги прочистуваме од токсини и разни штетни материи, за да го одржиме нашето здравје во добра форма.
Еве како тоа да го направиме:
1. Црн дроб
Прочистувањето на црниот дроб се прави со консумирање на храна како моркови, цвекло, општо многу зеленчук, јаболка, грејпфрут и лук.
Пржената храна особено ја нарушува функцијата на црниот дроб, па затоа избегнувајте ја истата колку што најмногу можете.
2. Жолчка
За прочистување на жолчката потребно е да консумирате храна богата со хранливи влакна, зеленчуци, овошје и да консумирате многу вода. Жолчното ќесе е од огромно значење за процесот на дигестија и работи соодветно со црниот дроб.
Воедно избегнувајте храна која содржи високо количество на шеќери и масти, како што е брзата и преработена храна.
3. Крв
Крвта иако не е орган, сепак таа е одговорна за пренесувањето на кислород, витамини и минерали до секој внатрешен орган и затоа од витално значење е и нејзиното прочистување.
Крвта можете да ја прочистите консумирајќи ги следните видови на храна: Коприва, жолт канатарион, лист од шумска јагода, лист од малина и од ореви.
4. Лимфа
Исто како и крвта, и лимфата не е орган, но таа ни помага во одржувањето на здравјето и убавината на нашата кожа. Консумирајте многу вода со цел истата да ја прочистите од преработената храна.
5. Панкреас
Панкреасот ги регулира нашите хормони и за да се избегне хормонски дисбаланс, важно е да го прочистите овој орган, со следните лесни методи:
Консумирањето на една шолја сок од лимон и топла вода наутро е доста корисна за одржувањето на здравјето на панкреасот. Сокот од ананас, киви и папаја ќе биде подеднако лековит.
Воедно обидете се да водите помалку стресен начин на живот, колку е тоа најмногу возможно.
6. Бубрези
Бубрезите ни помагаат да се ослободиме од отпадоците и другите токсини во текот на процесот на филтрирање на крвотокот. Слободно консумирајте сок од лимон, шипинки и цвекло, за ефикасно да ги прочистите вашите бубрези.
7. Црева
Може да ги прочистите вашите црева и да ја намалите чувствителноста на вашиот стомак, на следниот едноставен начин:
Консумирајте семиња од копар, корен од ѓумбир и лути пиперки, кои значително ќе ви помогнат во прочистувањето на дебелото црево. Ѓумбирот ќе го намали воспалиението на дигестивниот тракт, а лутите црвени пиперки ќе ви помогнат при опстипација и стомачни болки. Семињата од копар ефикасно ги отстрануваат гасовите од стомакот.