Како лесно да ја исперете пожолтената завеса и брзо да го вратите нејзиниот снежнобел изглед
Најважното правило на кое треба да се внимава е температурата, која треба да биде во рамките на 35°C. Нежните и деликатни материјали не поднесуваат високи температури и затоа завесите треба да се перат во студена вода.
Второто важно правило е, во водата во која е накисната завесата, се додава 1 килограм сол. Во овој солен раствор, завесата се остава да отстои 1 час и 30 минути, при што за време на овој процес, сите нејзини жолти дамки ќе бидат отстранети.
Потоа исплакнете ја завесата во студена вода. Следно, употребете средство за синтетички материјали, но бидете внимателни, да не ја оштетите завесата. Завесата не треба да се прецедува, водата сама ќе излезе од истата.
Доколку завесата избледнува, тогаш оцетот ќе помогне таа повторно да заблеска. Додадете 1 супена лажица во 1 литар вода и завесата ќе го врати својот блескав изглед.