Како на најбрз можен начин да се ослободите од чешањето и отокот по убод на комарец
Сезоната на комарците веќе почна. Тие се насекаде и секојдневно сме мета на нивните убоди кои предизвикуваат непријатно чешање а понекогаш и болка. Ова се неколку ефективни начини со кои ќе ја намалите Вашата фрустрација по убод од комарец.
Босилек
Ставете листови од свеж босилек на местото на убод, затоа што оваа растение содржи камфор тимол, со кој лесно се ублажува иритацијата.
Мед
Медот има анти-бактериски и анти-воспалителни својства од кои лесно ќе може да се ублажи чешањето и ќе се намали отокот.
Мраз
Мразот ќе ги умртви нервните завршетоци и ќе го спречи чешањето моментално.
Паста за заби
Доколку ставите паста за заби на местото на убод чешањето веднаш ќе престане, а отокот ќе сплане.