Како најлесно да го отстраните никотинот од вашиот организам, без многу труд
Следниот златен совет е особено корисен и се препорачува на оние луѓе кои од неодамна го откажале пушењето цигари или пак, се во улога на пасивни пушачи.
Консумирањето на витамин Ц е најпрепорачуваниот и најлесниот начин на кој можете да го отстраните никотинот од вашиот организамот.
Покрај тоа што овој витамин ќе го обнови вашиот метаболизам, туку и ќе го поттикне производството на бели крвни клетки, што дополнително ќе го зајакне овој процес.
Внесот на витамин Ц најдобро ќе го постигнете преку консумирањето на овошје и зеленчуци, а еве кои точно 6 видови на храна ќе ви помогнат да го отстраните никотинот од вашиот организам:
1. Коприва
Копривата содржи железо и е одлична за дезинфекција и прочистување при белодробна инфекција.
2. Портокал
Портокалите содржат големи количества на витамин Ц, а истите ќе ви помогнат да го надополните недостатокот на овој витамин, кој во телото се намалува при пушењето цигари.
3. Спанаќ
Спанаќот е богат со бројни витамини и фолна киселина, а воедно е одличен избор за отстранување на лошиот вкус и мирис на никотинот од телото.
4. Брокула
Брокулата содржи огромно количество на витамините Б5 и Ц, притоа има моќ да ги заштити белите дробови од токсините кои се наталожуваат при пушењето цигари.
5. Киви
Со вкусните киви ќе го поттикнете процесот на прочистување на целиот организам, белите дробови и со помош на оваа вкусна детоксикација, ќе го отстраните никотинот од вашето тело.
6. Сок од моркови
Сокот од моркови ги содржи витамините А, Б, Ц и К, кои сите заедно лесно и ефикасно ќе го отстранат никотинот од организамот. Никотинот исто така штетно влијае врз самата кожа, а токму сокот од моркови го содржи клучните компоненти кои ја подобруваат нејзината состојба.